Некогаш парчињата за кои ни изгледа како да се тотално непрактични и не веруваме дека можат да бидат популарни - се покажува токму спротивното.
Тоа е случајот и со микро кардиганот од бреднот „Жакемус“. Претпоставуваме дека дел од популарноста доаѓа со името на брендот, бидејќи да беше некој не толку популарен, веројатно немаше да се зборува за него во таа мера.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Од друга страна, придонесоа и дамите кои го носеа - почнувајќи од Меган Фокс, преку Кендал Џенер, Хајли Бибер, Бела Хадид...
Микро кардиганот е секси верзија на обичниот кардиган, велат оние што би го носеле. Другите пак, што не би му одвоиле место во гардероберот, велат дека изгледа како да се собрал на перење и дека едвај сокрива нешто, што го прави и по малку бизарен тренд.
Без разлика во која група се пронаоѓате повеќе, факт е дека оваа верзија на кардиганот е веќе застапена во голем број улични брендови, како дел од есенската понуда (онаа на Жакемус беше за лето).
Блогерките и познатите личности најчесто го комбинираат со широки панталони, фармерки или здолништа и најчесто доаѓа во интензивни бои.
View this post on Instagram
Цената на моделите на „Жакемус“ изнесуваат 300 долари за кроп верзијата, односно 360 долари за моделот со долги ракави и 270 долари за кроп модел со картки ракави.
Речиси преку ноќ стана популарен, а до кога ќе биде и колку есенва ќе го гледаме низ улиците во светските модни метрополи, ќе видиме.
Дали би го носеле?
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram