Кожените панталони се едни од оние парчиња кои секогаш се доволно впечатливи и целото внимание се насочува кон нив.
Поради тоа, треба да внимавате со што ги комбинирате за да не изгледате премногу нападно, а сепак да бидете тренди.
Кожените панталони се едно од омилените есенски парчиња, па ако сè уште немавте едни во вашиот плакар, сега е вистинско време да си набавите.
Можете да најдете разни бои и кроеви во речиси сите high street брендови, а денеска ви прикажуваме како девојките ширум светот ги комбинираат.
Истите изгледаат одлично и со елегантна кошулка и со дебело џемперче, а што се однесува до обувките, можете без проблем да ги носите и со потпетици и со високи или ниски чизми.
Покрај класичните модели, оваа есен вистински хит се и оние широките со должина до под колена кои одлично изгледаат во комбинација со ролка.
Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се уште денес.
Инфо и фото: Modamo.info