Како да носите машки панталони?
•
1 ноември 2013
Вашите лежерни дневни комбинации задолжително надополнете ги со машки панталони оваа сезона. Носете ги со кошула, џемпер, палто или со што и да одберете, само погрижете се истите да бидат навистина впечатливи.

Истите најдобро ќе дојдат до израз доколку ги носите со високи потпетици, а вашата женственост можете дополнително да ја истакнете со масивен ѓердан.

Машките панталони можете да ги најдете буквално во сите бои, модели и материјали, а без разлика на тоа за што ќе се одлучите, дефинитивно нема да погрешите, бидејќи истите се вистински хит оваа есен.