Како ги комбинираме омилените фустани со карнери ова лето?

5 јули 2022

Кога обично парче облека е „украсено" со карнер, добива сосема нова димензија.

Овие детали имаат моќ целиот изглед да го претворат во романтичен, шармантен, женствен.

Затоа неколку сезони наназад ретко која колекција или сезонска линија поминува без карнери, што ги потврдува симпатиите на дизајнерите за овие впечатливи детали.

Кошули, блузи и маички со карнери, во секојдневната улична мода, но и свечени изгледи, комбинизони, тоалети прикажуваат како карнерите имаат и своја луксузна естетика. Но, можеби најпопуларни се сепак фустаните акцентирани со карнери во различни верзии: во делот кај рамената, карнери во повеќе слоеви во делот кај здолништето или комбинација на фустан со топ со карнери.

Нивната популарност ги донесе во сечиј гардеробер. Затоа секогаш е добредојдена и по некоја идеја плус како да ги комбинирате.

Ова лето фустаните со карнери добиваат уште поголем романтичен шарм во комбинација со сламени детали: шешири или чанти. Доколку фустанот е на прерамки може да го комбинирате со бела маичка или кошула одоздола или пак доколку е во поширок крој, струкот може да го нагласите со ремен. Подеднаво атрактивно изгледаат и во комбинација со патики и со високи потпетици.

Доза летно освежување со идеи како да ги комбинирате омилените фустани со карнери, во продолжение.

Фото: Пинтерест

Објавено:
5 јули 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.092 пати