Безродовите парчиња облека се сѐ попопуларни во контекст на современите модни текови. Вообичаено се комбинираат во минималистичка целина што вклучува суптилни или строги линии и монохроматска палета.
Сако позајмено од „машкиот" плакар, предимензионирано и со чисти линии, е едно од омилените парчиња на современите жени што го преферираат овој стил.
Истовремено ова е парче кое карактеризира моќ и авторитет, а е лесно за комбинирање со остатокот од гардероберот.
Секогаш е вистински избор за вашиот деловен аутфит, па идеално ќе го вклопите со црна ролка и црни панталони или со кошула и здолниште.
Но, во уличната мода гледаме едно ново лице на карираното сако: спортско, авангардно, урбано... Тука модната слика е поинаква, па така често низ фотографиите од уличната мода ќе сретнете комбинација на карирано сако со блузон со качулка или во спој со „boyfriend" џинс и чизми до глужд.
Една од најактуелните комбинации е онаа со нагласен струк со ремен.
Како се носи карираното сако во актуелните стилски изданија, погледнете во фото галеријата.
Фото извор: Пинтерест