•
16 август 2023
Како изгледа ова лето на загребските улици?
Одговорот ни го дава фото објективот на хрватскиот фотограф Синиша Бужан, кој на својот инстаграм профил @street_stylezagreb редовно нѐ „апдејтира" со фотографии од уличната мода во Загреб.
Многу атрактивна, забавна, експресивна и разнолика, со силно изразена индивидуалност, летната мода во Загреб не е ништо подалеку од она што го гледаме и на улиците на Милано или Париз.
Најчесто бирани се летните фустани во сите нивни изданија од бохо флорални и лелеави до минималистички, монохроматски и во чисти линии.
Зачинети со сочни детали, сандали во неонски бои, сламени шешири и ретро очила за сонце – се внимава на секој детаљ.
Фото: Синиша Бужан, @street_stylezagreb
Објавено:
16 август 2023Категорија:
Тренд