Како ова лето да ги комбинирате белите панталони

31 мај 2017

Помеѓу есенцијалните парчиња во летниот гардеробер се и панталоните во бела варијанта.

Дизајнерите и светските брендови секоја нова сезона бараат нови солуции како да о модифицираат нивниот дизајн и да ги освежат летните тенденции, па годинава актуелни се оние панталони со висок струк, широките ногавици, како и панталоните на преклоп.

Разгледувајќи ги фотографиите од актуелната улична мода, може да резимираме дека белите панталони најчесто се вметнуваат во монохроматски комбинации најчесто со топ исто така во бела варијанта и со некој ексцентричен детаљ. Но, исто така актуелни се и комбинациите со џинс, кошули во пастелни бои, сандали на високи платформи или со спортски и удобни патики или рамни чевли.

Фото: Пинтерест

Објавено:
31 мај 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.021 пати