Консумеризмот и брзата репродукција на трендови ни наметна темпо со кое е невозможно да се фати чекор. Затоа, наместо да се изгубите во целиот тој динамичен хаос, бирајте внимателно и рационално.
Посветете внимание на облека која е безвременска, квалитетна и соодветна на вашиот имиџ. Во спротивно брзо ќе го изгубите интересот, а таквите парчиња ретко ќе имаат прилика да се најдат во вашиот секојдневен изглед.
Во категоријата на модни класици кои никогаш не губат од својата актуелност, е пепито дезенот кој се популаризираше благодарение на Коко Шанел.
Оваа зима повторно доминира во уличната мода, па логично дека повеќето модни куќи го имаат имплементирано во своите актуелни, зимски линии.
Меѓу таквите парчиња е и миди капутот на врзување од H&M во пепито дезен, кој е популарен меѓу IT девојките на Инстаграм.
Идеално се комбинира со монохроматски црни, бели или сиви комбинации, но секако е доста атрактивен и кога ќе го споите со парчиња во розова, зелена, црвена или некоја друга интензивна комбинација на бои.
Еве како овој капут изгледа во светот на уличната мода.
Фото: Инстаграм
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram