Кариран блејзер носиме во сите пролетни комбинации

9 мај 2019

Едно од најпопуларните парчиња, веќе неколку сезони по ред, е карираниот блејзер, што го носиме и оваа пролет.

Благодарение на неговиот универзален карактер и едноставната адаптација во различни изданија и во сечиј стил, карираниот блејзер е сеприсутен и во понудите на луксузните и во колекциите на „high street" брендовите.

Како за инспирација, ќе ви посочиме дека подеднакво шик изгледа и во деловни и во коктел, па дури и во спортски изданија.

Го комбинираме со панталони со истиот принт, со елегантни макси и миди фустани или здолништа, но и со џинс и патики во поопуштени изданија.

Ако барате идеја плус како да го комбинирате вашиот омилен кариран блејзер, ѕирнете ја галерија во продолжение.

Објавено:
9 мај 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.025 пати