Комерцијализацијата го донесе традиционалното јапонско кимоно на западниот пазар.
Особено со неговата модернизација во средината на минатиот век, за која се заслужни западните дизајнери како Пол Поаре и Кристобал Баленсијага,
јапонското кимоно доживува свој моден блесок најнапред меѓу дамите од повисоката класа, а потоа масовно се популаризира.
Токму надминувањето на границите на затвореното јапонско општество и придвижувањето на кимоното кон западот, е една од темите на актуелната изложба во Метрополитен музејот во Њујорк "Кимоно стил: Колекцијата Џон К. Вебер" која ни ја прикажува неговата еволуција.
Во современата мода тенденциите инспирирани од кимоното станаа речиси базични, пред се поради неговата функционалност, а истовремено и поради фината естетика.
Денес, кимоно носиме од плажа до луксузна коктел вечера.
Неговиот Т крој дозволува лесно да се прилагоди на сечија фигура, а притоа дизајнерите лесно „манипулираат" и го трансформираат од наметка во фустан.
Со леснотија го комбинираме и тоа е една од основните причини зошто кимоното е „evergreen" во модната сфера.
Едно од ретките парчиња кои веднаш може да ги замислиме без многу да размислуваме и во лежерен и во дамски изглед.
Од плажа до коктел вечера, кимоно во неколку различни комбинации издвојуваме како идеја плус низ фотографиите во продолжение.
Фото: Пинтерест