Кој е вашиот омилен џемпер сезонава?

28 ноември 2014

Топлите и дебели џемпери се едни од клучните парчиња кои што се стилска подлога на секоја зимска комбинација. Особено потребни ќе ни бидат во следниот период кога се очекува температурите да паднат и под нулата.

За зимскиот период всушност и не постои попрактично парче од џемперите. Тие се истовремено тренди, удобни, топли, а и лесно се комбинираат. Оваа зима најголем хит се дефинитивно оние предимензионираните кои истовремено личат и на топли капути, но на наша огромна радост, на голема врата се враќаат и елегантните ролки и џемперчињата со V – израз.

Покрај тоа што тие се неверојатно практични и речиси секогаш заштедуваат време при изборот на комбинации, тие се и тотално стилски. Доколку оваа сезона сѐ уште не си набавивте ролка, тоа е она задолжителното што треба да го направите овој викенд.

 

Носете ја со здолниште со висок струк и впечатливо ланче, но и со фармерки или панталони за дневни, бизнис комбинации. Во оние денови кога сакате да се чувствувате неверојатно удобно извршувајќи ги секојдневните обврски, одберете волуменозен џемпер во пастелна боја и комбинирајте го со едноставни тесни фармерки и високи чизми.

 

Комбинирајте ги и со хеланки и со топли волнени чизмички кога одите на прошетка или кога едноставно сакате да уживате во домашна атмосфера со вашиот партнер.

Во продолжение, во галеријата ви нудиме 50 модели на стилски џемпери за оваа сезона, како инспирација за викенд – шопинг.

Објавено:
28 ноември 2014
Категорија: 
Тренд