Доколку постојано ги следите социјалните мрежи, особено ИТ девојките на Инстаграм, тогаш сигурно сте го забележале новиот шик тренд што ги освои сите.
Женските костими со куси панталони се дефинитивно едни од најпосакуваните парчиња ова лето, поради нивната исклучителна софистицираност и елеганција.
Овој тренд е совршен за разни прилики, а соодветен е и за извршување на работните обврски доколку околината ви го дозволува тоа.
Покрај тоа што станува збор за исклучително стилски парчиња кои можат да се носат и посебно, истите се и супер удобни и одлични за комбинирање.
Бидете еегантна дама и комбинирајте го костимот со лежерна кошула и високи потпетици, но бидете шик и во спортско издание составено од кул маичка, патики и накит.
Без разлика дали ќе се одлучите за костим изработен од прекрасен лен или пак оние класичните, бидете сигурни дека ќе бидете впечатливи каде и да се појавите.
Фото и извор: Buro 24/7