Постојат одредени ткаенини кои се познати по своите безвременски и камелеонски квалитети. Tексасот е една од нив.
Модните креатори одамна не го користат текстасот во својата оригинална форма. Првично создаден за работници кон крајот на 19 век, па се до моментот кога настанува панкерскиот тексас, со текот на годините, овој материјал претрпува бројни трансформации и промени во изгледот и употребата. Во таа смисла, воопшто не е чудно што сè почесто просведочуваме креации каде овој материјал се користи на нови, креативни начини, носејќи му свеж дух дури и на најкласичниот изглед.
Оваа пролет/лето сезона, дури ниту високата мода не се откажа од користењена тексасот во своите модни креации, додавајќи ѝ возвишен спин на оваа лежерна класика.
Ние одбравме неколку примери со кои би сакале да ве инспирираме да го пронајдете вашиот омилен начин на кој ќе го носите тексасот оваа година, и воедно да изгледате шик и елегантно.
Тексас фустани
Фото: Vogue
Тексас јакни
Фото: Vogue
Тексас чевли
Фото: Vogue
Тексас здолништа
Фото: Vogue
Тексас чанти
Фото: Vogue
Тексас маички
Фото: Vogue