Пакувањето облека за одмор секогаш е посебен проблем. Досега пишувавме за тоа како полесно да се спакувате, кои се работите без кои не би требало да заминете на одмор, а во продолжение ќе ви прикажеме како би изгледал еден куфер составен само од дизајнерски парчиња.
Модните куќи и дизајнерите ги претставија своите замисли за актуелната сезона, а под претпоставка дека можеме да си ги замислиме, еве кои модни парчиња се одбрани за „идеалниот куфер“.
Шанел чанта - Обрач или хула-хоп чантата е едно од омилените летни аксесоари. Но, со оглед на нејзината големина, веројатно би имале проблем со просторот. Но, за среќа постојат и мини изданија, проблемот може лесно да се реши.
Шапка од Александар Меквин - Не само што ќе се сокриете од сонцето, туку оваа шапка ќе ви биде скониште од сите погледи и несовршености. Не е важно ако не сте наспани или имате подочници, оваа дизајнерска шапка ќе сокрие се.
Фустан од Живанши - Минимален труд - максимален ефект е пораката на овој фустан. Без него едноставно нема да можете.
Мрежест фустан од Луј Витон - Велат, за на одмор треба да се има и крток фустан и долг. Затоа, ќе ги земеме и двата на Луј Витон, одлични за на плажа.
Одело од Томи Хилфигер - Нека не ве плаши зборот одело, не се работи за класично и „тешко“. Напротив. Лелеаво, со црвени риги, кои внесуваат свежина е решението на Томми Хилфигер, кое одлично ќе се вклопи во патната торба од соништата.
Бохо фустан од Сен Лоран - Внесете малку бохо романса во вашиот изглед на одмор, па за таа цел одлично ќе ви послужи еден долг фустан од брендот Сен Лоран.
Сандали од Прада - За да бидете комплетно во тренд, потребни ви се и гладијаторските сандали од Прада. Се комбинираат речиси со се.
За изглед од 1950-тите - Ако сте љубител на модата од овој период, тогаш оваа комбинација од Moncler Gamme Rouge е една од задолжителните.
Црн фустан од Ланвин - Лежерно и софистицирано. Фустанот од Ланвин е класика, која секако мора да ја имате во куферот.
Фустан за на плажа од Issa London - Лелав, егзотичен и долг. Совршен изглед за во кафуле, ви треба само коктел.
Уште еден долг фустан - Овој пат од Dries van Noten. Вашето тело ќе ви биде благодарно.
Чанта од Баленсијага - одлична за да ви ги собере неопходните работи, а згора на се е ултра модерна и софистицирана. Совршен избор.
Чевли од Валентино - притоа мислиме на оние невидливите, што можете да ги комбинирате со се.
Металик фустан - Zoe Jordan Pre колекцијата го има она што го бараме. Спортска елеганција. Добро и за диско и за прошетка.
Фустан од 1960-тите - Жолтиот фустан од колекцијата на Тори Бурч е идеален за лето и одмор.
Шапка од Holy Fulton
Сандали, накит и чанта од Долче и Габана - и рамни и на платформа, во комбинација со чантата и накитот, нема кој нема да ве забележи.
Свечен изглед - За тоа ви е потребен овој модел од Баленсијага. Црната боја е класика, но карнерите внесуваат фламенго живост, со што ова е одлична комбинација за лето.