Летни свечени тоалети за посебни прилики

12 мај 2023

Свечените прилики не се случуваат често, па токму затоа се совршен момент да бидете малку поинакви, гламурозни, да излезете од зоната на комфорот и да заблескате во едно магично светло.

Тантела, свила, тул, бисери и останати детали што го носат елементот на софистицираност и грациозност се неизоставен дел од посебните прилики.

Летото е време кога можеме да бидеме смели, да ја прегрнеме модата со широко отворени раце и да кажеме да на раскошот и гламурот.

За сите оние кои ги очекуваат свечени моменти, во сезоната пред нас, еве неколку предлози.

Фото: Pinterest

Објавено:
12 мај 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.311 пати