За нешто да биде незаменливо, мора да биде уникатно – вака Елена Лука го опишува новиот луксузен модел на екстравагантна тоалета што го носи дизајнерскиот потпис на модниот бренд.
Безвременската елеганција е дефинирана преку женствениот крој со кој се нагласува силуетата, а гламурозниот предзнак се должи на изборот на висококвалитетните материјали и луксзуната композиција од украсни камења по должината на транспарентниот ракав.
Асиметричниот крој пак, е тенденција оваа сезона, со што овој модел е успешен спој на безвременост и трендовски изглед.
„Секој дизајн на Елена Лука го носи печатот на безвременоста, но истовремено во комбинација со актуелните тенденции. Не е едноставно да се направи ваков спој, затоа се посветува особено внимание на дизајнот на секој модел, за резултатот да биде беспрекорен. Секако, тука значајна улога има и нашето искуство како докажан моден бренд, кој постојано е во чекор со светските модни случувања и тенденции", вели г-ѓа Елена Лука, креативен директор, сопственик и водечки дизајнер на брендот.
Совршенство!