Макси бохо фустани со флорални мотиви
•
1 август 2016
Боемскиот дух на 70-тите години од минатиот век е постојана инспирација во дефинирањето на новите трендови. Речиси и да не поминува модна сезона, а да не биде имплементиран некој сегмент од оваа инспиративна декада во актуелните трендови.
Макси хипи фустаните со флорални принтови се меѓу омилените ретро парчиња што секоја сезона добиваат своја нова, модифицирана верзија.
Ова лето, па и претстојната есен, флоралните фустани со макси должина се на преклоп со врзување околу струк или пак со широки ѕвонести ракави и сечење под градите.
Ги обожуваме затоа што се повеќенаменски во однос на приликите кога може да ги носиме, па соодветни се и за на плажа и за свечени настани.
Интересени и стилски предлози во продолжение: