Макси кошула и мини здолниште на поинаков начин

14 август 2018

Свежи стилски идеи и нов начин на комбинирање на парчињата што веќе ги имаме во плакарот, се секогаш добредојдени и во прилог на нашиот индивидуален имиџ.

Една таква необична варијанта на комбинирање се популаризираше летово, а според тенденциите во најава, ќе биде актуелна и есенва – мини здолниште облечено врз макси кошула.

Ваквиот начин на стилизирање на двете тренди парчиња го актуелизираа влијателните ИТ девојки, а инстантно беше прифатен во уличната мода – па резултираше како глобален тренд.

Доколку го имавте заборавено омиленото мини здолниште, сега имате одлична солуција како повторно да го носите и тоа во различни прилики. Поентата е што благодарение на макси кошулата под здолништете, добивате нови варијанти на различна должина, во зависност од кошулата.

Меѓусебното комбинирање дозволува голем избор на варијации: бела макси кошула со џинс здолниште, кошула во пруги со здолниште од тантела или пак кошула со дезен и монохроматско здолниште со странично закопчување, се само дел од идеите кои би сакале да ви ги посочиме...

Неколку идеи плус ви предлагаме во фото галеријата во продолжение.

Објавено:
14 август 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.763 пати