Меѓу песочните плажи и градскиот асфалт: Најпопуларните комбинации што парадираат на оваа релација

7 август 2023

Куферот за нашиот летен одмор никогаш нема доволно простор.

Секогаш сакаме да понесеме уште некое парче плус, кое најверојатно воопшто и нема да го облечеме.
Летниот одмор сакаме да го поминеме опуштено, но во исто време не сакаме стилот „да трпи". Па затоа битно е да го направиме вистинскиот избор на парчиња кои истовремено се соодветни и за на плажа и за прошетките во времето кога не сме на плажа.

Неколку ултра популарни комбинации за ова лето, го решаваат проблемот.

Нивната флексибилна естетика е супер практична предност, која ни дава можност да ги носиме во бројни ситуации од плажа до вечерен коктел со пријателите.

Меѓу нив се атрактивните плетени фустани и сетови, дводелните комбинации со краток топ и широки панталони, мини и миди фустаните во лелеав крој, како и комбинациите со маичка на прерамки и бермуди со висок струк.

Практични и стилски.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
7 август 2023
Категорија: 
Тренд