Мини фустан - must have за сезоната што следи

5 јуни 2023

Летото е совршено за мини фустаните. Топлото време секогаш оди заедно со тоа парче облека, кое само по себе носи една леснотија, свежина и комфор.

Сезоната ни носи и разни настани, концерти и забави на отворено за кои што мини фустанот е вистинското решение.

Фустаните се клучен момент на секоја добра летна комбинација, а кога се во мини варијанта тогаш можете посебно да се истакнете.

Кога станува збор за боите, ова лето акцент се става на вибрантните тонови и колор блок еститиката со доза на ретро моменти.

Љубителите на минимализмот и пастелните нијанси ќе одберат бела, црна, беж или комбинација на риги, што исто така ќе биде супер решение.

Мини фустаните можете да ги споите со сандали на потпетица, рамни чевли, еспадрили, патики... во зависност од приликата.

 Летото повикува.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alison Toby (alisontoby)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Emili Sindlev (emilisindlev)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (lunaisabellaa)

Уште неколку идеи...

Фото:Pinterest, Instagram

Објавено:
5 јуни 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.384 пати