Ако имате профил на Пинтерест и ги следите профилите на кои девојките објавуваат дневни комбинации, тогаш најверојатно досега сте го сретнале Min Label.

Станува збор за полски бренд што посто неколку години и прави едни од најстилските парчиња што сме ги виделе во последно време.

Парчињата покрај со едиторијали, ги рекламираат и со тоа што секој ден објавуваат комбинации на социјалните мрежи кои девојките веднаш ги споделуваат.

Од брендот велат дека најважно им е да создадат квалитетна женствена облека во која дамите ќе се чувствуваат удобно, а се чини дека токму тоа и го прават.

Тие имаат безброј клиентки ширум светот кои нивните парчиња ги опишуваат како погодни за различни поводи, почнувајќи од секојдневните работни стајлинзи, па сè до совршени фустани за свечени прилики.

Материјалите што ги користат се навистина квалитетни што може и да се забележи, а познати се по креирањето на лежерни свилени кошули како едно од најбараните парчиња кое мора да се најде во плакарот на секоја жена.

Погледнете само дел од нивната шик понуда во која знаеме дека ќе се заљубите на прв поглед.

Објавено:
16 април 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.107 пати