По студената зима што ја имавме оваа година, ние особено му се радуваме на летото и на високите температури кои значат и супер стилски комбинации.

Едно од есенцијалните парчиња за секое лето е лежерното и удобно фустанче кое истовремено треба да биде модерно и шик.

Секоја сезона на модната сцена се појавуваат различни трендови, па така е и оваа кога ќе носиме еден модел на фустан што веќе го обожаваме.

Покрај тесните slip фустани, долгите лежерни и оние со откриени рамена, постои уште еден модел кој особено им го привлече вниманието на девојките, а е навистина шик.

Станува збор за фустан со интересен преден дел кој се врзува во X и повторно се нагласуваат голите рамена.

Можете да ги најдете во долги и кратки варијанти, како и тесни и широки, сите подеднакво убави и стилски.

Можете да ги носите и преку ден, но и навечер за некои свечени прилики, секако, изработени од различен материјал соодветен за пригодата.

Постојат и такви кои се сосема соодветни и изработени специјално за денови поминати на плажа, од лежерен материјал кој е супер удобен.

Големиот дел од познатите брендови веќе го имаат овој модел во својата понуда, а вие одберете го вашиот омилен и набавете го што поскоро.

Објавено:
13 мај 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.739 пати