Модна инспирација: Кога познатите модели одат на забава

12 февруари 2018

Нема жена што не се нашла во недоумица што да облече за одредена пригода, или уште повеќе да нема никаква идеја, без разлика колку облека има.

Периодов актуелни се сезонски финални намалувања, што може исто да биде проблем доколку не купувате плански. 

Ако ве очекува некаква пригода, а се соочувате со некој од споменатите проблеми, погледнете што носат познатите модели кога одат на забава.

Лили Алдриџ и Наташа Поли

Нивните стајлинзи за нам ни се видоа како мошне инспиративни во модна смисла. Не мора да ги имате истите парчиња за да изгледате модерно или кул. Понекогаш може да инспирира начинот на кој се споени некои парчиња, или на кој се искомбинирани боите.

Минатата недела Лили Алдриџ, Нина Агал, Џордан Дан, Тони Гарн, Елса Хоск, Наташа Поли, Барбара Палвин и други имаа женска вечер. Во еден од клубовите во Њујорк се појавија во совршени модни изданија, прилагодени на нивниот моден и естетски сензибилитет.

Лили Алдриџ се појави во беспрекорна креација на „Брендон Максвел“ во црвена боја, во која навистина остава впечаток.

Лили Алдриџ

Џордан Дан пак се одлучи за окер креација со набори, која ја комбинираше со виолетови чевли, а Нина Агдал се појави во тексасно фустанче и интересни обувки.

Џордан Дан

Нина Агдал

 

Како беа облечени останатите девојки, погледнете во продолжение. 

Кој е вашиот фаворит?

Барбара Палвин

Елса Хоск

Енико Михалик

Хејли Клаусон

Тони Гарн

Лаис Рибеиро

Елизабет Салсер

Ванеса Муди

Каролин Марфи

Руби Алдриџ

Викторија Ли

Исабели Фонтана

Макс Папендик и Јулија ван Ос

Објавено:
12 февруари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
928 пати