Секој премин од една во друга сезона подразбира менување и на гардеробата. А кога од лесна летна облека преминуваме на есенски комбинации, неретко чувствуваме потреба да ја вратиме елеганцијата и бесмртните класични модни парчиња назад во нашиот стил наспроти летната лежерност. Во моменти кога бараме инспирација за како да го сториме тоа, честопати се потпираме на жените од кралските семејства.
Дамите како Кејт Мидлтон, кралицата Летиција и Меган Маркл знаат дека едноставноста е вистинскиот победник во играта на софистицираноста, и препознаваат дека не може да се погреши со класичните парчиња кои траат вечно, особено ако се направени од природни и квалитетни материјали.
Оваа есен наша модна инспирација е принцезата Кејт Мидлтон, која знае совршено да искомбинира луксузни креации со современи и достапни модни парчиња облека од локалните бутици.
Па, доколку ви е потребна инспирација за тоа како да ја надополните вашата есенска гардероба со квалитетни парчиња, а со тоа и да ја подобрите, разгледајте ги омилените есенски комбинации на Кејт.
Широки панталони
Секогаш елегантните панталони со широки ногавици се лесни за комбинирање и можат да бидат соодветен избор за разни пригоди. Тие можат да бидат и формален избор доколку се искомбинирани со правилен топ. Изгледаат одлично со салонки, но и со чизми.
View this post on Instagram
Одела
Сè попопуларните одела се исто така дел од секојдневниот стајлинг на Кејт Мидлтон, па така таа честопати може да биде видена во одела во впечатливи и јаки бои.
View this post on Instagram
Плисирано здолниште
Кејт можеме многу често да ја видиме во плисирани здолништа. Овој модел е особено идеален за стилизирање на повеќе различни видови аутфити, зависно од пригодата.
View this post on Instagram
Совршено скроено палто
Доволно е само едно навистина добро палто во нашиот плакар и можете да бидете мирни знаејќи дека ќе имате што да ноблечете секое утро. Капутите, особено оние во сина и зелена боја, се омилен избор на Кејт во овој период.
View this post on Instagram
Црно-бел кариран блејзер
Црно-белиот кариран блејзер никогаш не излегува од тренд, па затоа не е возможно да згрешите со овој избор. Тој може да биде совршениот завршеток на секоја комбинација, независно од стилот и останатите бои кои ги носите на себе.
View this post on Instagram
Сетови
Најверојатно би се согласиле дека една од првите асоцијации со гардеробата на кралското семејство се сетовите. Покрај тоа што се супер едноставни и суптилни, во зависност од кројот тие можат да бидат и недодливо верситални и да помогнат во градењето на различни стилови, од формален, до романтичен и лежерен.
View this post on Instagram
Лелеави фустани
Лелеавите фустани се заштитен симбол на Кејт која видно обожава да ги комбинира во разни свечени прогоди. Па така, начинот на кој принцезата ги носи овие фустани може да претставува инспирација за тоа како да се подготвите за следната свадба или свечена коктел забава.
View this post on Instagram
Миди фустан
Нема простор за грешка со овој избор, особено затоа што овој модел на фустан е исклучително прилагодлив и разноврсен. Можете да го носите на работа, забави, ручеци и лежерни собири, што докажува дека оваа класика ќе ја носиме уште долго.
View this post on Instagram
Салонки
Најчест и омилен избор на чевли за Кејт се дефинитивно мокасините, но веднаш по нив доаѓаат и салонките. Едноставна класика која совршено одговара на секој стил.
View this post on Instagram
Шешири
Кралското семејство е препознатливо и по овој моден додаток кој дава посебен шарм на секоја облека. Кејт најчесто носи модели во бои кои соодветствуваат со останатиот дел од изгледот, па доколку сакате да „украдете" малку од оваа елеганција, погледнете како таа го прави тоа.
View this post on Instagram