Молив здолништето е назад во тренд и еве како да го носите оваа есен

8 октомври 2022

Тесното здолниште кое ја следи линијата на телото, и како резултат на таа карактеристика го има добиено називот „молив", се вбројува помеѓу оние модни класици кои никогаш не излегле од мода.

Едноставноста на ова парче облека и можноста да биде стилизирано на различни начини, го прави омилено за многу дами, без разлика на пригодата и сезоната во која се носи.

Фото: Pinterest

Во последно време молив здолништето, кое се карактеризира со миди должина која допира над коленото, висок струк и шлиц одзади, е повторно актуелно и присутно на рафтовите во бутиците, а современите начини на стилизирање ѝ дозволуваат на класичната и формална нота на ова здолниште совршено да се вклопи и во секојдневни и лежерни комбинации.

Фото: Pinterest

Па така, покрај стандарниот спој на молив здолниште со кошула, блејзер и салонки, молив здолништата оваа сезона ќе ги гледаме и во комбинации со плетени џемпери, памучни маички, кожни јакни, тренди топови, дуксери, бејзбол јакни, патики и чизми.

Фото: Pinterest

Во прилог ви подготвивме галерија со неколку инспиративни примери за тоа како да го комбинирате вашето омилено молив здолниште оваа есен.

 Фото: Pinterest

Објавено:
8 октомври 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.807 пати