Монохроматски изглед - меч со две острици

25 декември 2013

Еднобојните комбинации веќе неколку сезони се се подоминантни во изборот на оние кои ги диктираат „модните правила“, од модните уредници до влијателните стилисти. Но, кога одговараме на предизвикот да се облечеме во иста боја и особено ако одиме до таа радикална граница тоа да биде од глава до петици, тогаш ризикуваме монохроматскиот изглед да премине во монотонија ако тоа не го направиме соодветно, но во спротивен случај ако успешно се вклопат сите елементи, добиваме беспрекорен изглед.

Кога одбираме различна облека во иста боја, многу е значајно да се препознае слоевитоста. Во тој случај ќе ни помогне изборот на различни материјали и парчиња во различни должини и игра на форми. Поентата сме ја промашила кога сите елементи кои ја сочинуваат нашата комбинација, ќе се слеат еден со друг и тогаш мохроматскиот изглед добива предзнак монотон.

Независно за која боја ќе се одлучите, основното правило е во миксањето на нијансите и балансот помеѓу тоновите. Ако во горниот дел изберете парче во посветла нијанса, тогаш долниот дел нека биде потемен. Или во случај кога на себе носите повеќеслојна облека може да играте со истата таа варијанта со тоа што посветлите тонови ќе ѕиркаат под наметнатите парчиња во потемна боја.

 

 

Објавено:
25 декември 2013
Категорија: 
Тренд