Must have: Бохо чанта со реси за стилска есен
•
29 септември 2016
Ја продолжуваме серијата задолжителни парчиња за оваа прекрасна есен, а денеска на ред дојде една од најубавите чанти што сте ја виделе сезонава.
Станува збор за неодолива бохо чанта со реси и со етно принт која ќе биде совршена во секоја ваша есенска комбинација.
Ние обожуваме да ја комбинираме со кусо здолниште од превртена кожа во кафена нијанса и џемперче во темно црвена боја како едни од најубавите сезонава.
Истата можете да ја носите во секојдневните комбинации, но без проблем да ја вметнете и во оние поелегантните за посебни прилики.
Чантата можете да ја најдете во продавницата на Springfield во Скопје Сити Мол, а истата е дефинитивно парче во кое вреди да инвестирате оваа сезона.