Иако времето надвор е тмурно, тоа не е причина да не внесете боја во вашиот изглед и живот, а за тоа ќе ви помогнат најновите производи од Seventeen - новата нијанса на долготраен кармин ALL DAY LIP COLOR, како и X Traordinaire маскарата и новата нијанса на лак за нокти SEVENTEEN Supreme.
Новата темно црвеа (No 16) на долготрајниот кармин ALL DAY LIP COLOR, како и сите други од оваа колекција, не остава траги, не ги дехидрира усните и не содржи парабени, а ќе остане на вашите усни преку целиот ден. Созаден е за дами кои сакаат да имаат гламурозна, фантастична и елегантна есенска сезона.
Ако пак сакате гламурозен вечерен изглед, но и да ја разбиете сторогата и деловна дневна варијанта, обидете се да го комбинирате карминот со новата нијанса (No 169) на лаковите за нокти Supreme од SEVENTEEN.
Изгледот комплетирајте го со најновата маскара X Traordinaire. Сето она што го барате од една маскара можете да го најдете во оваа нова маскара од SEVENTEEN за 3 D трепки со специјална пластична четкичка. Маскарата е со совршена густина и должина, и дава ефект на вештачки трепки. Ја има во пет различни бои, а наш избор се темните нијанси кои се „must-have“ за оваа сезона.
Нема причина овој ден да не биде добар.
Спонзорирана објава