Must have: Маички во кои ќе го поминете цело лето!

25 јуни 2016

Периодов решивме целосно да се посветиме на машките трендови, па денеска на сите наши машки читатели им предлагаме must have парче што би требало да го имаат во својот плакар.

Во топлите летни денови, она што единствено ви треба се куси панталони и шик маичка која ќе биде доволно впечатлива за да го „зачини“ секој ваш стајлинг.

Денеска ви предлагаме еден ист модел во две различни варијанти на стилската маичка на куси ракави со јаки.

Она што е особено интересно кај овие маички од Springfield е дезенот што стилските мажи го обожаваат летово.

Едната е во темно сина боја со летни дезени, додека другата совршено бела со колоритни точки и темни сини моменти кај јаката и ракавите.

Комбинирајте ги со панталони, шорцеви, фармерки и што и да посакате и бидете стилски во секој момент. 

Објавено:
25 јуни 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
861 пати