Must have: Мала црна чантичка со златни детали

7 март 2019

Секоја една дама во својот плакар мора да има мала црна чантичка која е идеален избор за бројни пригоди.

Можете да ја носите секој ден на работа и да додадете шарм во секоја комбинација, можете да ја комбинирате во вечерните изгледи или пак во некоја посебна прилика.

Денеска ви предлагаме една токму таква чантичка со златни додатоци по површината која можете да ја носите во рака, но и на рамо благодарение на златното ремче кое одлично ја надополнува.

Истата е доволно голема да ви ги собере основните работи, а одлична е и за комбинирање со било кое парче во соодветните бои.

Оваа чантичка можете да ја купите во продавниците на Parfois.

Објавено:
7 март 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
702 пати