Must have: Машки еспадрили во темно сина боја

20 јуни 2016

Дека сакаме да предлагаме и парчиња за мажите, докажува и следната фотографија на која ќе ги видите must have еспадрилите за ова лето!

Во плакарот на секој маж треба да се најде едно вакво парче кое ќе ги „зачини“ сите летни комбинации со кои сакате да оставите посебен впечаток.

Без разлика дали комбинацијата е за на работа или пак за едноставна прошетка и пијалак со пријателите, овие еспадрили се нешто што мора да го имате во летните денови.

Носете ги со куси панталони и интересна маичка со детали, или пак со фармерки и долги панталони и лесна кошула на работа. 

Темно сините еспадрили ќе ги вметнете буквално во секоја комбинација, па така не двоумете се уште денес да си набавите едни такви од Springfield.

 

Објавено:
20 јуни 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
965 пати