Конечно оваа недела можевме да уживаме во прекрасно сончево време за кое се надеваме дека ќе остане и понатаму со што и официјално ќе можеме да ја прогласиме пролетта за пристигната.
По тој повод, разубавете го вашиот плакар со слатки и нежни блузички во боја со шармантен принт со точки или срциња како овие на фотографијата од Springfield.
Истите можете да ги комбинирате со едноставни фармерки или тексас здолниште во било која нијанса, а блузичките се особено интересни поради врзувањето во предниот дел кое совршено изгледа со фармерки со висок струк.
Едната е во црвена боја со бели срциња како принт, додека другата темно зелена со бели точки и секако долги ракави.
Доколку сѐ уште не направивте пролетен шопинг, тогаш овие блузички дефинитивно треба да се најдат на вашата задолжителна листа, бидејќи се вистински must have.