Must have: Розова чанта за впечатлив изглед
•
24 декември 2018
Пред нас се празници и безброј забави на кои треба да се појавиме во шик издание, па покрај стилската комбинација, секогаш треба да внимаваме и на модните додатоци.
Она што денеска ви го предлагаме е оваа нежно розова чантичка која ќе изгледа одлично во комбинација со некое фустанче во светла нијанса или со фармерки со висок струк и светкава блузичка во неутрална боја.
Истата е со интересна форма и со панделка во пределот кај рачката, па изгледа како вистински подарок и е неверојатно впечатлива.
Доволно е голема за во неа да ви собере сè што ви е потребно за на забава, но соодветна е и за сите журки преку ден.
Истата можете да ја најдете во продавниците на Манго, а совршена е и за подарок за најдрагите за празниците.