Денешниот ден целосно и го посветуваме на црвената боја, па така и шминката е интензивно црвена! На празникот на виното и вљубените ви ја препорачуваме новата темно црвена нијанса на долготрајниот кармин All Day Lip color (No 16) од колекцијата на Seventeen.
Прекрасниот кармин не остава траги, не ги дехидрира усните и не содржи парабени, а ќе остане на вашите усни и преку целиот ден.
Истиот е создаден за дами кои сакаат гламурозен и софистициран изглед без разлика за каква пригода станува збор.
Овој раскошен кармин од линијата на Seventeen, комбинирајте го со новата нијанса на лаковите за нокти (No 169) Supreme од брендот, што одлично ќе се вклопи во целосниот изглед.
На овој линк овде, погледнете го водичот за убавина и шминка, со производите на Seventeen.