Кога зимата е во полн ек, време е добро да се стоплите со вистинските парчиња кои истовремено се супер модерни.
Доколку сѐ уште го немате одбрано совршениот капут за оваа сезона, тогаш викендов е одлично време да го сторите тоа.
Она што ние денеска ви предлагаме е овој фантастичен капут со животински принт во неколку сиви нијанси кој ќе можете да го носите буквално со што и да посакате.
Покрај тоа што е супер стилски, овој капут од Манго е навистина топол и ќе направи да се чувствувате одлично во било кое време од денот.
Носете го на работа со елегантните комбинации, на прошетка со малку поспортски, но и за вечерни излегувања со разни фустанчиња и здолништа.
Истиот совршено одговара на секој вид чизми и потпетици, што повторно го прави еден од најдобрите избори за оваа навистина студена сезона.