Дизајнерите често посегнуваат по минатото барајќи инспирација за своите колекции. Неретко сме посведочиле на колекции инспирирани од 1960-тите, уште повеќе 1970-тите и 1980-тите. Тие дури земаат и некои трендови за кои не би посакале да се вратат и ги адаптираат во сегашноста, со што повторно ги прифаќаме и со задоволство носиме - како на пример ѕвонастите ракави, или волуменозните раменици.
Во продолжение фокусот го ставаме токму на најлошите модни трендови низ годините.
Погледнете ја листата и кажете ни се согласувате ли:
1930 - аголни потпетици и ремче околу нога
1940-ти
мали шапки, кои ретко на кој му прилегаа, бидејќи главата со нив изгледа многу поголема
1950-ти
Бели ракавици, кои потсетуваат на хируршки
Здолништа со пудли. Во ред е да ги сакате, но не мора да се носат секаде.
1960-ти
Дезенирани хулахопки. Тоа е и денешен тренд, но не во ваква форма и еклектично издание.
Таканаречените беби-дол фустани едноставно не се за возрасни жени. Точка.
1970-ти
Плетен елек врз фустан
Пачворк здолништа во сите бои
Комбинезони за мажи. Не е потребно дополнително објаснување
Безопасни за лице - не, ова не е привлечно, ниту естетски
1980-ти
Сите бои и сите одеднаш!
Греачи за нозе додека вежбате? Иако ова стана ултра популарен тренд пред некоја година, сепак, да не се лажеме...
Сè што има на Мадона- сите бои, превртена јакна, евтин накит, нападна шминка - како фотелјата за оставање облека да сте ја ставиле на вас
Панталони шалвари. МС Хамер ги обожаваше, но сепак...
Коментар не е ни потребен...
1990
Се сеќавате дека носевме маица врз блуза, а ни сами не знаевме зошто?
Очила за сонце во боја
Принт од глава до петици
2000
UGG чизмите беа апсолутен хит во почетокот на новиот Миленум, но истовремено и најозлогласениот тренд некогаш во модната индустрија
UGG+ кусо здолниште = никако
Во 90-тите имаше експанзија на плишани тренерки...
Фармерки со низок струк - никогаш нема да ѝ ласкаат на вашата фигура, колку и да сте згодни
Плишаните тренерки ги носеа и мажите...
2010
Крокс кломпи - па погледнете ги само...
Повторно враќање на панталоните шалвари
2019
Бициклистички во разни комбинации...
Повторно враќање на фармерките со низок струк, но и на набраните чизми со светки