Најпосакуваниот капут за овој месец!

17 ноември 2016

Веќе некое време ви ги презентираме најдобрите и најпосакувани парчиња за оваа студена сезона, а капутите во сите варијанти се едни од нашите омилени.

Без нив не можеме ниту една студена сезона, а одлични се и за збогатување на секоја комбинација што можете да си ја замислите.

Вистински хит оваа сезона се оние од кадифе, со цветни апликации, со војнички принт, но и карираните кои важат за неодолива класика.

Овој месец, токму еден капут со кариран принт им го привлече вниманието на многу трендсетерки ширум светот кои побрзаа во најблиската продавница да го купат.

Она што особено ќе ве израдува е дека истиот можете да го набавите и вие, бидејќи истиот е од колекцијата на Манго како еден од омилените high street брендови.

Особено неодолив, покрај принтот, го прави и неговата должина која е некаде до глуждовите и изгледа навистина елегантно.

Девојките со него ја разубавуваат секоја комбинација, која од едноставна за кратко станува шик и навистина впечатлива.

Можете да го комбинирате со фармерки и чизми до глуждовите, со долги и куси џемпери, но и тесни и широки плетени фустани како ултимативен хит за студената сезона.

Како ви се допаѓа?

 

Објавено:
17 ноември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.555 пати