Не сте вистински подготвени за летото ако во вашиот плакар го немате совршениот чифт куси тексас панталони.

Еден од омилените брендови на трендсетерките, OneTeaspon, од каде доаѓаат бројни тренди џинс парчиња, го создаде совршениот модел куси тексас панталони кои го преплавија Инстаграм.

Популарниот бренд годинава слави 16 години од своето основање, а зад него стои неверојатно инспиративна приказна на девојка која со вредна работа и многу откажувања ја создала првата колекција која ја откупиле дури 42 продавници ширум светот.

Првата дама на брендот Џејми за нејзините парчиња ќе каже дека се неверојатно бунтовни со примеси на old school rock & roll гламур.

Токму кусите тексас панталони се едни од омилените од нејзините колекции кои ги носат познати светски ѕвезди и бројни трендсетерки кои за кратко време го направија ова парче меѓународно познато.

Со оглед на нивната популарност, несомнено е дека тие ќе станат култно парче во модата, а доколку имате можност, сега е време да си набавите едно...

Објавено:
27 јули 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
682 пати