Најслатките мокансинки што некогаш сте ги виделе
•
31 август 2023
Уште едно парче кое е тесно поврзано со есента се мокасинките. Модните ентузијасти го обожуваат, а сезонава што следи ни доаѓаат и најслатките модели што некогаш сте ги виделе.
Лондонскиот бренд DUKE + DEXTER претстави цела колекција на ултра симпатични модели. Станува збор за класичната црно бела варијанта на која што се испечатени интересни натписи и дезени.
Па така имаме мокасинки со вишни и натпис 'ma cherie', бакнеж и 'j' adore' како и 'Bonjour' модел.
Се работи за лимитирана верзија на рачно изработени чевли од италијанска кожа.
А какви се други модели има погледнете во продолжение.
Фото: Instagram