Оваа есен кадифето доби главна улога кога станува збор за чевли. Материјалот кој вистинската слава ја доживеа во 90 – тите години, оваа сезона се враќа на голема врата.
Изминативе неколку месеци познатите блогерки почнаа да објавуваат фотографии на кои можевме да забележиме некои од овие модели на кадифени чевли, па повеќе од сигурно беше дека истите ќе бидат на пиедестал следнава сезона.
Веќе неколку сезони сме во љубов со кадифените балетанки, но оваа есен кадифените високи потпетици и отворени сандали на платформа ќе бидат вистински хит.
Бојата која ќе владее кај овој тренд е дефинитивно темно сината и бојата на вино. Необичниот материјал во комбинација со интензивната боја укажуваат на фактот дека овие чевли мора да се комбинираат со што е можно поедноставни парчиња.
Лесни фустани, плисирани здолништа, обични бели маички и фармерки се само некои од парчињата кои ќе бидат совршен додаток за овој фантастичен модел чевли.
Во галеријата ќе ги видите најубавите кадифени модели на чевли за кои се очекува да направат бум оваа есен.