Без разлика дали ги следите трендовите или не, во последно време сигурно сте сведоци на трендот на парчиња со голи рамена.

Светски познатите блогерки, модели и бројни девојки за многу кратко време станаа „зависни“ од овие парчиња кои обожаваат да ги вметнуваат во речиси секоја нивна комбинација.

Моделите со отворени рамена го преплавија Инстаграм, каде можеме да ги видиме најновите парчиња од последните колекции на дизајнерите и бројните брендови.

Еден од брендовите кој се издвои од сите останати е дефинитивно австралискиот MLM по чии модели девојките полудеа.

За многу кратко време нивните парчиња станаа едни од најпродаваните благодарение на шик дизајнот, едноставноста на моделите, прекрасните бои и раскошните карнери.

Дел од нивната колекција се широки и тесни блузички и фустани со карнери, неодоливи комбинезони, свечени креации во металик нијанси и што уште не.

Нивните модели можете да ги погледнете во галеријата погоре, а тие ќе бидат совршена инспирација за вашите летни комбинации!

Објавено:
1 јуни 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.172 пати