Не постои возрасна граница за малку (повеќе) светки!

17 декември 2021

Охрабрете се да сјаете. И буквално и метафорички.

Ако се чувствувате пријатно и свои со малку (или повеќе) светки, тогаш не постои возрасна граница која ќе ве предомисли.

Особено празничниот период нуди убав амбиент за светкави парчиња облека. Се разбира, треба да внимавате на дозираноста и како и со што ќе ги комбинирате. Но, ако така ви вика интуицијата и знаете да ги носите, светките се добредојдени во различни варијанти.

Независно дали сте во вашите 20-ти, 30-ти, 40ти, 50-ти или повозрасни, додадете малку од празничната магија во вашиот стил и оставете простор за по некое светкаво парче облека.

Погледнете ги на пример Стела Мекартни (50) и Сандра Булок (57). Можеби ќе речете, но тоа е Холивуд. Да, но ако знаете како да ги носите на себе и притоа се чувствувате самоуверено и природно, тогаш Холивуд ќе биде секаде каде што сте и вие: насмеани, задоволни со себе и со светки.

Како мотивација одбравме неколку интересни предлози што со себе го носат сјајот на празничното расположение.

 

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
17 декември 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.827 пати