Терминот sprezzatuра (ноншалантност) е италијански збор кој прв пат се појавил во делото „The Book of the Courtier“ – „Книга за дворјанинот“, на Балдасаре Кастиљоне во 1528 година и се дефинира како едноставна, лежерна тенденција, на начин на кој може да ја сокрие секоја уметност, и се она што некој го прави или констатира да изгледа дека е создадено без никаков напор, ниту пак размислување.
Во модата денес овој термин, како стил на облекување кај мажите, почна да добива многу различни и варијабилни значења, кои се должат на фактот на прекумерна употреба и недостаток на информации во врска со овој стил и тренд, генерално. Дефиниран како слободен став, ноншалантност во движење, безгрижност, стил кој промовира бунтовност, а всушност клучниот концепт од кој се води овој правец е тоа дека машките одела не треба никогаш да изгледаат премногу совршено.
За успешно да го комбинирате овој тренд и стил, морате парчињата да ги бирате со голема суптилност, креативност, познавање на дезените и принтовите, актуелните стилови и тенденции, како и бои, нијанси, кроеви и модели. Крајниот резултат е беспрекорност во стилот, дезенот, бојата и креацијата.
Затоа решивме да истражуваме и резултатите и советите ги поделивме во три групи кои ќе ви помогнат полесно да го креирате вашиот моден мозаик на новиот тренд наречен ноншалантност во движење.
За да станете вистински експерт во уметноста на ноншалантниот стил, употребете неколку едноставни индиции. Почнете со извртување на јазолот на вашата кравата, не го стегајте цврсто кон вратот, оставете го да биде опуштен и несреден. Изгужваниот јазол е само почеток кој верувајте ќе ве релаксира. Потоа направете си сами селекција на дезени и принтови, играјте малку со својата фантазија и идеи, пробајте сами да научите кои принтови и дезени одат во комбинација и како на сето тоа да додадете кравата.
Кога ќе го совладате моментот со кравата и ќе поднаучите нешто за дезените и принтовите следен чекор е да научите дека копчињата од кошулата можете и да ги откопчате иако носите кравата. Значи јазолот подолу, а копчињата околу вратот откопчани. Истото важи и за манжетните, кога носите кардиган под сакото или палтото можете да ги откопчате, за ја добиете саканата ноншалантност и лежерност, а сепак ќе бидете модерни, тренди и елегантни.
Постојат правила и стилови, за кои треба да имате храброст. Тоа е она што ги дели ноншалантните типови од просечните мажи. Некои можеби ќе изгледаат и екстремно во креирањето на модните инсталации, бидејќи се сигурни во себе и добро ги познаваат моделите, дезените, ткаенините и имаат смелост да носат специфична гардероба на себе. Како и да е, едно треба да се запомни дека кога станува збор за ноншалантниот моден тренд кај мажите тоа не е резултат на некаква претходна подготовка или евтина интернет копија туку ствар на вкус и префинетост.