Класичната бела боја, која е омилена на многумина, се издвои во последните сезони и ги освои симпатиите на љубителите на минимализмот. Таа стана императив кој го освои речиси секој стил и гардероба.
Иако најчесто белата боја ја поврзуваме со летната гардероба, не можеме да одречеме дека белата изгледа прекрасно во есенскиот и зимскиот гардеробер исто така.
Омилените зимски артикли како предимензионирани џемпери, кардигани и палта, како и безвременските класици како одела, плетени фустани и патики, оваа сезона добија примеси на различни стилови, естетика и нијанси на бело.
Иако на прв поглед изгледа многу едноставно, белата боја дава можност за создавање различни модни приказни, на суптилен и пристоен начин.
Кога станува збор за создавање на елегантен и изразен изглед, целосно бел моден ансамбл е совршена опција. Како таков, може да одговара на речиси секоја пригода, вклучително и свечени и секојдневни прилики.
Бидејќи постудените денови бараат повеќе слоеви облека, важно е внимателно да креирате #allwhite изглед. Поконкретно, за да го направите вашиот изглед шик, обидете се да комбинирате различни нијанси на бело со интересни кроеви и впечатливи детали.
Следниве комбинации ќе ве убедат дека белата боја која секогаш изгледа подеднакво шик, модерно и префинето, ќе биде главна боја оваа зима.
Фото: Pinterest