Одличниот хрватски бренд „Борша“ стана еден од омилените на тамошните трендсетерки, откако во последните неколку месеци нивните шик ранци ги носеше буквално секоја девојка во сончевата Хрватска.
Талентираните момци Вјеко и Томислав кои стојат зад брендот создаваат и други навистина интересни производи меѓу кои и шолји за кафе, обвивки за чоколатца, нотеси и последно – перници со кул натписи.
Нивните духовити пораки за многу кратко време станаа вистински хит, а како што самите ќе кажат, идеите им доаѓаат од сето она што од нив го бараат клиентите во вид на порака.
„За да не преземаме туѓи фотографии и изреки од Интернет, едноставно смисливме наши сопствени. Натписите настануваат сосема спонтано, кога имаме потреба да кажеме нешто. Тие не се смислени однапред за да не се губи смислата, туку често се прилагодени на моментот и на она што тогаш се случува. Постојано размислуваме за нови пораки, бидејќи реакциите се одлични, што е и знак дека она што го работиме е добро. Луѓето едноставно ги сакаат“, велат момците за Fashion.hr.
Едноставниот дизајн на перниците со моќните пораки е она што на луѓето најмногу им се допаѓа кога се во прашање нивните модели.
Во галеријата погледнете ги нивните супер производи и одберете го вашиот омилен.