Одберете го вистинското светкаво парче за Нова година

22 декември 2014

collage1

За време на празничните денови, светките се во центарот на сечие внимание. Малку сјај може да ве направи да се чувствувате посамоуверено и повпечатливо. Секако, не претерувајте, не сакате да изгледате кич.

Најчест избор се фустанчињата од светкав материјал, но оние посмелите можат да одберат светкави туники, палта, панталони, чевли… Оние пак, што не се чувствуваат многу удобно кога се во центарот на вниманието, можат да одберат само едно светкаво парче – здолниште, кус топ, интересна чанта, моден додаток за коса и слично во комбинација со еднобојни и едноставни парчиња.

Изборот направете го според својот сензибилитет и моден израз. Во продолжение погледнете ја галеријата и инспирирајте се.

Објавено:
22 декември 2014
Категорија: 
Тренд