Оливија Палермо ја има најкул јакната за оваа сезона

5 октомври 2016

Веќе знаеме дека Оливија Палермо е една од најпопуларните светски трендсетерки. Она со што секогаш нѐ воодушевува е леснотијата со која ги комбинира сите парчиња, па така беше случај и со последниот стајлинг.

На ревијата на Соња Рикел во Париз таа се појави во можеби најубавата јакна што ќе ја видите оваа есен, секако, со потпис на модниот бренд Барбери.

Станува збор за јакна од прекрасен топол материјал совршен за есенските денови во неколку прекрасни бои и везови со реси на ракавите и предниот дел.

Оваа совршена јакна таа ја комбинираше со едноставни ѕвон панталони во сина боја, едноставна црна маичка и црни чизми на потпетица.

Овој пат комбинацијата таа ја надополни со црна Диор чанта со златна рачка, а на неколку ревии се појави со темна нијанса на кармин, овој пат конкретно темно виолетова боја.

Со овој стајлинг таа докажа дека инспирацијата од модата од 70 – тите е нешто без што нема да можеме оваа сезона.

Објавено:
5 октомври 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.414 пати