Омилениот летен фустан на модните блогерки
•
18 јули 2017
Светски познатите модни блогерки ова лето имаат една заедничка љубов – флоралниот фустан од Asos.
Иако благодарение на нивната слава и добриот маркетинг, достапни за соработка им се сите луксузни брендови, сепак многу често тие во своите стајлинзи имплементираат парчиња од познатите „high street" брендови.
@songofstyle
Таков е случајот и со овој романтичен, бохо фустан со цветен принт од Asos.
Фустанот е со должина под колената, со високо отворен шлиц, голи рамена и гол грб, украсен со карнери кои ја заокружуваат романтичната целина.
Еве како го носи блогерката Ејми Сонг од @songofstyle.
@songofstyle.