Принцезата Кејт Мидлтон има истенчен моден вкус, но истовремено и многу влијателен. Речиси се што носи, барем на јавни настани, за рекордно време се распродава.
Токму затоа важи е за една од модно највлијателните членови на кралското семејство.
Нејзиниот стил важи за женствен и елегантен, па многумина жени се пронаоѓаат во тоа што таа го носи.
Во пресрет на летната сезона, анализиравме што од комерцијалните летни парчиња Кејт обожува и заклучивме дека многу често во лето преферира романтични миди вустани, во суптилен А крој, напред на закопчување, додека струкот најчесто дополнително е потенциран со ремен.
И од таа причина, побаравме неколку супер модели што соодветствуваат на овој опис, како инспирација плус доколку и вие сакате да носите женствени фустани во лето.
Фото: Пинтерест