Ова се фустаните што ќе ги носиме за време на летниот одмор

28 мај 2019

Вообичаена пракса кај повеќето жени кога се подготвуваат за летен одмор, е во својот куфер да спакуваат облека повеќе отколку што им е потребна и најчесто голем дел останува во куферот, неискористена.

Затоа наш совет е во пресрет на летната сезона, да не ја повторувате грешката од претходните патувања и со себе да ги понесете само оние парчиња што навистина ви се неопходни и ќе ги облечете.

Покрај ленената кошула, кратките шорцеви и костимите за капење, едно универзално парче што секако ќе најде примена во вашот стил за време на летниот одмор, е женствениот, лежерен фустан, што истовремено ќе ви обезбеди удобност и префинет изглед.

Изборот е фантастичен, само треба да го пронајдете моделот што ѝ прилега на вашата фигура и е соодветен на вашиот стил.

Лелеавиот крој и разиграните принтови, се секако присутни.

Објавено:
28 мај 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
6.016 пати